in

ГЕНИЈАЛЕН РЕЦЕПТ: Колач кој не се пече со нутела, кокос, лешници и бисквити

Едноставен колач што сите ќе го сакаат.

Состојки:

За бисквит:

  • 400 гр мелени бисквити
  • 125 гр кокос
  • 175 гр нутела
  • 120 мл стопен путер
  • 100 мл слатка павлака

За фил:

  • 1,5 литри млеко
  • 240 гр шеќер
  • 4 жолчки
  • 130 гр пченкарен скроб
  • 120 гр путер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • малку сол

Додатно:

  • 200 гр чоколадо
  • 100 гр лешници

Подготовка:

Ставете еден литар млеко да зоврие, и во сад измешајте јајца, шеќер, ванила, сол, 1 л млеко и скроб. Додадете во зовриено млеко и варете, мешајќи постојано, додека не се згусне. Потоа додадете путер и мешајте додека не се раствори. Поделете на 2 еднакви делови, а на едниот дел додадете растопено чоколадо.

Добро комбинирајте бисквити, кокос, нутела, путер и слатка павлака. Истурете ја смесата во калап со димензии 24 × 24 см и убаво израмнете. Ставете го во фрижидер половина час. Прво прелијте го бисквитот со белиот дел, па со црниот и израмнете. Украсете со сецкани лешници. Ставете го во фрижидер да отстои еден час.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote