in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Направете си автентичен и вкусен десерт: Турски кадаиф

Доколку се љубители на автентичните ориентални вкусови, тогаш кадаифот е одлична идеја за вас и вашите најблиски. Овој специјалтет е вистинско уживање…

СОСТОЈКИ:

  • 200 г кадаиф
  • 100 г мелени ореви
  • 60-70 г кравји путер

ЗА СИРУПОТ:

  • 1 ½ чаша вода
  • 1 чаша млеко
  • 3 чаши шеќер
  • 1 лажица сок од лимон (или прстофат лимонтуз)
  • ванила
  • рендана кора од лимон

ПОДГОТОВКА:

Кадаифот распоредете го во широк сад, над него распоредете го путерот исечкан на коцки и посипете со сечкани ореви. Потоа печете го во рерна да добие златна боја (на 180 степени околу 10 минути). Млекото и водата ставете ги да зовријат и потоа додајте го шеќерот. Намалете ја температурата и постојано мешајте додека почне да врие. Варете 2-3 минути на тивко. Кога ќе се излади додајте ги ванилата, кората и сокот од лимон. Со ова прелејте го изладениот кадаиф. Не користете врел сируп, ќе стане кашест кадаифот. Оставете да отстои кадаифот за да впие од течноста, па послужете посипано со мелени ореви.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote