in ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Еднаш штом ќе го пробате, ќе го правите секогаш! Баба гануш – намаз за сите прилики

Ќе ве воодушеви

Сервирајте го намазот со лепињи или домашен леб. Идеално е за вечера или како предјадење.

Состојки:

  • 2 модри патлиџани
  • 1 чешне лук
  • 1 лимон
  • 5 лажици таан (паста од сусам)
  • 3 лажици обичен јогурт
  • сол
  • маслиново масло
  • 1 лажица мелен црвен пипер
  • свежи листови од нане

Подготовка:

Излупете го модриот патлиџан и варете околу половина час додека не омекне. Излупете и исечете го лукот. Оставете модриот патлиџан да се излади и исечете го. Исцедете го лимонот. Измешајте модар патлиџан со лук, таан, јогурт, сол и сок од лимон. Ставете ја смесата во сад за сервирање и израмнете ја со влажна лажица. Украсете со маслиново масло, црвен пипер и свежо нане.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote