in ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Вкусен намаз од туна

Овој намаз од туна се прави многу лесно, и може да направите повеќе и да го ставите во фрижидер за повеќекратна употреба. Одличен е за брз доручек или вечера, или пак закуска за гости.

 

Состојки:

  • 1 конзервирана туна
  • 2 лажици мајонез
  • 3 лажици љут ајвар
  • 1 лажица мелени ореви
  • 2 лажички магданос
  • 1 лажиче пиперче
  • 1 лажичка сок од лимон
  • 2 лажички кромид
  • сол, бибер

Подготовка:

Исцедете ја туната, а потоа изгмечете ја со вилушка.

Во посебен сад, ставете ситно сецкан магдонос.

Потоа додадете мајонез, ајвар, ореви, бибер, и на крај сок од лимон, и сè добро измешајте.

Ставете го во фрижидер 30 минути.

Намазот сервирајте го изладен кој е во одлична комбинација со тостирано лебче.

Добар апетит!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote