in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Лава колач: Неодолив чоколаден вулкан, нема подобар десерт!

Со овој десерт нема никаква грешка, бидејќи е едноставно совршен и брз за подготовка

Состојки:

  • 160 гр темно чоколадо (мин. 70 проценти какао)
  • 2 јајца + 2 жолчки
  • 60 мл слатка павлака
  • 110 гр путер
  • 70 гр шеќер
  • ½ лажички екстракт од ванила
  • 35 гр брашно

Подготовка:

Стопете 60 гр чоколадо со 60 мл павлака на пареа.
Добро промешајте за да се соедини смесата, а потоа ставете ја во фрижидер најмалку два часа.
Направете шест топчиња од подготвената смеса и чувајте ги во фрижидер.
Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови, а 6-те калапи за суфле или лава за торта премачкајте ги со путер или масло.
Стопете ги преостанатите 100 гр чоколадо со путер во , па оставете малку да се излади.
Јајцата, жолчките, шеќерот и ванилата изматете ги во мека смеса.
Измешајте растопено и оладено чоколадо, брашно и промешајте со шпатула.
Истурете го тестото во калапи и ставете по едно чоколадно топче.
Печете во рерна околу 15 минути, додека надворешниот слој не се стврдне на допир.
Оставете ги да отстојат пет минути во рерна, а потоа извадете ги.
Користете остар нож да поминете покрај крајот на секоја форма, а потоа ставете го колачот на чинија.

 

На здравје 🙂

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote