in , ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

ВАКА СЕ ПРАВИ НАЈВКУСНИОТ ОРГИНАЛЕН КРЕМ ЗА СЛАТКИ: НАЈДОБАР ЗА СИТЕ ВИДОВИ ТОРТИ И КОЛАЧИ

Состојки

– 500 мл млеко
– 1 зрно/стапче ванила
– 4 жолчки
– 150 гр шеќер
– 50 гр брашно или густин

За поцврст крем:

– 1 лист желатин

Подготовка

Сварете го млекото заедно со семки од ванила.

По желба додадете празно мешунче кое треба да се отстрани кога млекото ќе зоврие.

Изматете ги жолчките со шеќерот и додадете го брашното или густинот да се измешаат да нема грутчиња.

Истурете малку варено млеко во него, добро промешајте и додадете го остатокот од млекото.

Убаво измешајте, вратете го во садот во кој се вареше млекото и варете на тивок оган додека да згусне кремот.

Тргнете го од оган и додека се лади, често мешајте за да не се направи кора одозгора или покријте со фолија.

За побрзо ладење, протресете го кремот на поголем плех, намачкајте го и покријте го со фолија.

За погусти креми, сварениот крем тргнете го од оган, оставете малку да отстои, па измешајте го претходно натопениот и исцеден желатин.

Како што веќе напоменав, ова е основен крем, кој можете да го збогатите со додаток на изматена слатка павлака, изматен путер со додавање на растопено чоколадо, екстракт од овошје…

Како ви се допаѓа?

-1 поени
Upvote Downvote