in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

ПИЦА РОЛАТ ЗА 30 МИНУТИ… ЌЕ ВЕ ВООДУШЕВИ, А И МНОГУ ЛЕСНО СЕ ПОДГОТВУВА

СОСТОЈКИ:

– околу 1 кг. брашно
– 200 мл. млеко
– 200 мл. вода
– 100 мл. зејтин
– 25 гр. свеж квасец
– 2 јајца (едното е за премачкување)
– 1 кафена лажичка сол
– 1 лажичка шеќер
– 200 гр. кечап
– 200 гр. кашкавал
– оригано

ПОДГОТОВКА:

Измешајте го квасецот со млекото, додадете шеќер, вода, масло и едно јајце, замесете тесто, додавајќи брашно и сол.
Работната површина посипете ја со брашно и со сукало развлечете го тестото дебело 3-4 мм. Премачкајте со кечап, па одозгора изрендајте го кашкавалот и наросете со оригано.

Со лажица притиснете го сирењето да се залепи за полесно да го завиткате ролатот.
Се сече на помали парчиња и се става на подмачкан или плех обложен со хартија за печење. Јајцето изматете го со лажица масло и премачкајте го пецивото.

Вклучете ја рерната на 240 степени и печете во загреана рерна околу 15 минути.
Добивате 30-тина поголеми, а доколку ги правите за родендени или слични пригоди, направете помали парчиња.
Во тој случај ќе добиете околу 60 мини полжави.

 

На здравје!

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote