in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Десерт од вашето детство : Тоблероне со мед и сусам

Вкусно тоблероне со мед и сусам, кое може да се искористи во пости.

Овие колачи не е задолжително да бидат посни, па користејќи млечно чоколадо и мрсни бисквити, може да си направите исто така мрсна варијанта. Превкусни се.

Состојки :

  • 50 гр. чоколадо (посно)
  • 50 гр. шеќер во прав
  • 65 гр. маргарин (1/4 коцка)
  • 5 лажици мед
    100 гр. мелени бисквити (посни)
  • 100 гр. сусам (потпечен)
  • 50 гр. лешници (потпечени, сечкани)
  • глазура50 гр. чоколадо
  • (посно)1 лажица масло

 

1. Сусамот се потпекува без масло, а потоа се лади.

2. Лешниците се потпекуваат, им се отстранува лушпата, се ладат и се сечкаат во сечко.

3. Во тенџерче се ставаат чоколадото, шеќерот во прав, маргаринот и медот, се топи сето заедно убаво да се соединат состојките, но не да преврие.

4. Штом се стопи сето, тенџерчето се трга настрана, му се додаваат мелените бисквити, потпечениот сусам и лешниците.

5. Се меша сето заедно и додека е топла смесата се распоредува во калап во форма на триаголник, обложен со најлонска фолија која е премачкана со малку масло.

6. Се остава да се излади на собна температура, а потоа се става во фрижидер да се стегне.

7. Потоа се отстранува најлонската фолија од калапот и се премачкува со глазурата од стопено чоколадо и масло.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote