in ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Здрав домашен леб со семиња без брашно

Ако барате здрав домашен леб без брашно , тогаш мора да го пробате овој рецепт!
Семето е добро познато и многу честа закуска кај нас, без разлика дали станува збор за сончоглед, тиква, бадеми, лешници или семе од сусам. Секогаш имаме различни семиња во куќата и ги обожаваме, но не ги користаме само за грицкање (иако е примамливо да се грицка цела кесичка додека ја гледате омилената серија!).

Откако ќе го испробате овој здрав леб, секогаш ќе го правите 🙂

Потребни состојки:

  • 135 гр семе од сончоглед
  • 90 гр семе од лен (може 1:1 мелен и семе)
  • 100 гр лешници или бадеми грубо сецкани
  • 145 гр овесни снегулки
  • 1/2 прашак за пециво
  • 2 лажици семе од чиа
  • 1 лажичка фина морска или хималајска сол
  • 1 лажица јаворов сируп, а ако не консумирате шеќер, користете прстофат стевија
  • 3 лажици стопено кокосово масло или путер
  • 350 мл вода

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите суви состојки во подлабок сад. Во посебен сад измешајте и комбинирајте ги јаворовиот сируп, маслото и водата. Додадете ја оваа течна смеса врз сувите состојки и добро измешајте за да се соедини сè убаво, а тестото станува многу густо (ако тестото е премногу густо за да се измеша, додадете уште една или две лажички вода се додека тестото не може полесно да се обликува).
Вака приготвеното тесто ставете го во правоаголен калап за печење, обложен со хартија за печење.
Израмнете го горниот дел од тестото со помош на лажица. Оставете го да отстои минимум 2 часа или преку ноќ.

За да бидете сигурни дека тестото е подготвено, треба да го задржи својот облик дури и кога ќе го одделите од страните на калапот за печење.

Загрејте ја рерната на 180 степени.
Ставете го калапот за печење во рерна на средина и печете 20 минути, потоа извадете го лебот од калапот, свртете го наопаку и вратете го директно во рерна да се пече уште 30 до 40 минути. Лебот е испечен кога звучи како шуплив кога ќе го допрете.

На здравје и добар апетит! 🙂

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote