in ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Вкусна и сочна штрудла со јаболки

Сега е сезона на јаболките. По пиљарите ги има разни сорти, но за рецептот на домашна штрудла со готови кори ви предлагаме да одберете малку покиселести сорти.  Вкусот е неодолив и неповторлив, а добивате многу вкусен и здрав десерт за цело семејство.

Потребни состојки:

  • 500гр готови кори
  • 4 јајца
  • 200гр шеќер
  • 200гр гриз
  • 200мл јогурт
  • 50мл масло
  • 1 пециво
  • За филот:
  • околу 8 јаболки
  • 1 лажичка цимет
  • 1 чаша ситно сецкани ореви
  • 1 ќесичка ванилин шеќер

Начин на подготовка:

Најпрвин ја подготвуваме смесата, во сад ги кршиме јајцата, го додаваме шеќерот, матиме со миксер, ги додаваме јогуртот, гризот, маслото и пецивото. Мешаме се убаво и оставаме на страна.
Корите ги делиме на 3 дела по 5 кори.
Ги рендаме јаболките, го додаваме циметот, оревите и ванилата.
Ја ставаме едната кора, со лажица пропрскуваме со смесата, ја повторуваме постапката се до 5 кора, врз петтата кора ставаме од филот, претходно истиснете ја водата од јаболките. Виткаме во ролат. Ја повторуваме постапката и со другите два ролата. Ги редиме на хартија на печење трите ролати, ги мачкаме со останатата смеса одозгора, ги ставаме да се печат на температура од 180 степени околу 30 минути.
Оставете убаво да се излади, па наросете шеќер во прав.

На здравје и добар апетит 🙂

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote