in ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Растурена пита од спанаќ

Многу вкусна пита која брзо се подготвува.

Состојки:

  • – 3 јајца
  • – 220 гр спанаќ
  • – поголемо стапче праз
  • – 100 мл млеко
  • – 100 гр кисела павлака
  • – 100 гр фета сирење
  • – 100 гр јогурт
  • – 100 гр палента
  • – 50 гр брашно од хељда
  • – 30 ml масло

Подготовка:

Добро измијте го спанаќот, исушете го и исечете го што поситно.

Додадете ситно сечкан праз и сите останати состојки.

Зачинете по вкус и добро измешајте за да се соедини сето фино.

Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Истурете ја смесата со спанаќ во тавата и печете околу 30 минути.

На здравје!

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote