in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

ПОЈАДОК НА КОЈ НЕМА ДА МУ ОДОЛЕЕТЕ: Пита со пилешко и компири од готови кори

 

Супер пити кои лесно се подготвуваат и веднаш исчезнуваат од чинијата.

Состојки:

  • 1 пакет готови тенки кори (500 гр.)
  • 1 кромид со средна големина
  • 1 морков со средна големина
  • 2 компири со средна големина
  • 250 гр бело месо
  • сол, сув зачин, бибер
  • 1/2 лажиче кари
  • 1/2 лажиче оригано

За премачкување:

  • 2 јајца
  • 200 мл јогурт
  • 1 лажица павлака или кисело млеко
  • 80 мл масло
  • малку сол
  • малку сусам

Подготовка:

Ситно исецкајте го кромидот и пржете, па додадете ги ренданиот морков и компирот. Кога е малку издинстано, додадете ситно сецкано бело месо. Додадете сол, бибер, сув зачин, кари и оригано и промешајте. Попржете.

Измешајте јајца, јогурт, павлака, масло и сол.

Наредете 3 кори, па филувајте. Секоја кора премачкајте ја со смесата со јајца. Потоа редете додека не ги потрошите сите состојки. Ставете ги во плех обложен со хартија за печење, исечете, премачкајте со преостанатиот фил, наросете семе од сусам и печете на 200 ° C околу 30 минути.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote