in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Овчарска пита: Совршена комбинација на компири, месо и зачини!

Не двоумете се во овие зимски денови да јадете нешто „силно“ и топло – тоа е потребно за вашето тело

Потребни состојки:

  • 80 гр грашок
  • 2 моркови
  • 1 кромид
  • 400 гр мелено месо
  • 700 гр компири
  • сол и бибер
  • зејтин
  • 100 мл сок од домати
  • 50 мл вино
  • 80 гр путер
  • 50 мл млеко
  • 150 гр сирење
  • црвен мелен пипер

Начин на подготовка:

Издинстајте го кромидот, додадете месо, пржете заедно додека месото не ја смени бојата. Додадете моркови и грашок, сол, бибер, вино и сок од домати. Врие додека сè не омекне и испари водата. Излупете компир, исечете на кругови и сварете го.

Исцедете ја водата, измешајте компири, путер и млеко, и направете пире од компири.

Ставете слој месо во подмачкана тава, па слој пире од компир и изрендајте кашкавал. Печете околу 35 минути на 200 степени.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote