in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Посна бајадера

Брзо се подготвува, а вие ќе ја обожавате со кафе или чај!

Потребни состојки:

  • • 800 гр шеќер
  • • 1 чаша вода
  • • 300 гр мелени посни бисквити
  • • 300 гр мелени ореви
  • • 1 маргарин
  • • 2 лажици какао

Глазура:

  • • 300 гр чоколадо за готвење
  • • 1 лажица масло за јадење

Начин на подготовка:

Најпрво се зоврива водата и шеќерот, малку да згуснат, но не и густо како шербет. Се трга на страна и се додаваат бисквитите, оревите и маргаринот. Се меша до хомогена смеса и се дели на два дела. Во едниот дел се додава какаото.Во намрсен плех прво се става темниот слој и се израмнува, па врз него се става светлиот слој.Во меѓувреме на тивок оган го ставате чоколадото да се растопи заедно со маслото и потоа го нанесувате врз бајадерата.

Се остава во фрижидер да се стегне, потоа се сече на парчиња.

На здравје

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote