Брзо се подготвува, а вие ќе ја обожавате со кафе или чај!
Потребни состојки:
- • 800 гр шеќер
- • 1 чаша вода
- • 300 гр мелени посни бисквити
- • 300 гр мелени ореви
- • 1 маргарин
- • 2 лажици какао
Глазура:
- • 300 гр чоколадо за готвење
- • 1 лажица масло за јадење
Начин на подготовка:
Најпрво се зоврива водата и шеќерот, малку да згуснат, но не и густо како шербет. Се трга на страна и се додаваат бисквитите, оревите и маргаринот. Се меша до хомогена смеса и се дели на два дела. Во едниот дел се додава какаото.Во намрсен плех прво се става темниот слој и се израмнува, па врз него се става светлиот слој.Во меѓувреме на тивок оган го ставате чоколадото да се растопи заедно со маслото и потоа го нанесувате врз бајадерата.
Се остава во фрижидер да се стегне, потоа се сече на парчиња.
На здравје
Коментари
Loading…