in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Идеална салата за топлите денови! Тестенините со ТУНА се идеален оброк за целото семејство!

Љубителите на туна и тестенини сигурно се обидоа да ги комбинираат овие две намирници преку ладни салати како летно освежување за вечера или лесен ручек.

Јадењето се подготвува брзо, не бара многу и остава многу можности дополнително да го зачините овој предлог со вашата фантазија како основа за ново јадење.

 

Состојки: 2 конзерви туна, 400 грама тестенини по желба, 100 грама пушена сланина, 2 главици кромид, 1 сок од домати, вегета, лук, босилек, магдонос

Подготовка:

Пред да започнете со готвење, ситно исечкајте ја сланината, и исечете го кромидот на тенки парчиња. Во вок или слична тава, истурете малку маслиново масло и кога ќе се загрее, додадете и пржете ја сланината и кромидот. На пржениот кромид и сланина додадете 3 ситно сецкан лук и малку босилек, промешајте и додадете конзервирана туна. Загрејте кратко и додадете домати, малку вегета и ситно исецкани лисја од магдонос. На тивок оган, оставете ја масата да се соедини и намалете ја на посакуваната густина околу 10 минути и избалансирајте ја киселоста на доматот со лажица шеќер. Ако сакате, можете да додадете малку исушено чили. Кога тестото е сварено, исцедено и без миење, додадете го во сосот и промешајте.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote