in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

ЕДНОСТАВНА И ВКУСНА ЛЕТНА ПОСЛАСТИЦА Торта со кајсии и ореви, совршенство на сладост

Потребни состојки:

  • 4 лажици шеќер
    1 кесичка ванилин шеќер
    100 мл јогурт
    50 мл масло
    5 лажици брашно
    1/2 кесичка прашок за пециво
    30 гр ситно сечкани ореви
    1 кесичка ванилин шеќер
    шеќер во прав по вкус
    5-6 поголеми кајсии

Подготовка:

Јајцата, прстофат сол и шеќер се матат со миксер, а кога масата убаво ќе се измати, се додаваат маслото и јогуртот и на крај брашното со прашокот за пециво, па сето убаво се меша.
Истурете во тавче или калап со пречник од 24-25 см (јас го истурив во малку поголем, па колачот беше малку понизок), па наредете ги кришките кајсија на неколку кругови, кон центарот на тавата. Посипете ги со ореви и ванилин шеќер.
Печете го колачот во рерна загреана на 200 C 15 минути, а потоа намалете ја на 180 C.
Печете уште 15 – 20 минути додека колачот убаво не порумени.
Печениот колач извадете го од рерна, оставете го да се излади 10 минути, па ставете го на плех со хартија.
Нежно одвојте од хартијата и извлечете ја хартијата. Посипете го со шеќер во прав.
Исечете ја тортата на кришки и послужете.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote