in ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Виенска чоколадна торта: Ненадмината класика на австриската кујна!

Стар рецепт кој датира уште од втората половина на 19 век

Состојки: 8 јајца, 1 ванилин шеќер, 150 гр шеќер, 100 гр скршени бисквити, 50 мл ликер шери, 60 гр путер, 100 гр мелени лешници, 200 гр чоколадо за готвење, 300 гр џем од кајсија, 1 јајце, 200 гр шеќер во прав.

Подготовка: Одделете ги белките од жолчките. Изматете ги жолчките со 75 грама шеќер и ванилин шеќер со миксер додека не се стопи шеќерот. Изматете ги белките со миксер со преостанатиот шеќер. Додадете ги изматените белки во садот со изматените жолчки и промешајте со миксер. Потоа додадете бисквити, мелени лешници, 100 гр грубо рендано чоколадо и мешајте додека смесата не се соедини.

Пренесете го тестото во кружен, подмачкан калап. Печете 20 минути на 180 степени. Стопете го и преостанатото чоколадо додадете го путерот и мешајте додека путерот не се стопи. Додадете едно јајце и шеќер во прав. Промешајте

Исечете го пандишпанот на три еднакви дела. Ставете го првиот дел на плех, посипете со шери ликер и премачкајте со џем. Повторете го процесот со останатите кори. Целиот колач премачкајте го со чоколаден прелив. Украсете со мелени лешници.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote