in , ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Неодоливи и вкусни бомбици од лешник

Фантастични слатки закуски.

Потребни состојки:

  • 200 гр бисквити
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 150 гр печени и излупени лешници
  • 50 гр путер
  • 100 мл слатка павлака
  • 1 лажичка рум
  • 100 гр печени и излупени лешници за полнење
  • кокос, рендано чоколадо, мелени лешници

Начин на подготовка:

Чоколадото изрендајте го ситно. Мелете ги бисквитите, па лешниците.

Во сад ставете мелени бисквити, лешници и чоколадо, додадете омекнат путер, малку рум и 100 мл. слатка павлака. Комбинирајте ја смесата добро и оставете малце да се зацврсти во фриждер.

Од смесата направете топчиња. Притиснете лешници во секоја топка.

Потоа превртете ги топчињата во мелени лешници, кокос или рендано чоколадо (ваш избор)

Топчињата ставете ги во фрижидер да се оладат.

На здравје и добар апетит!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote