in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Мезе кое доликува на секоја трпеза – Јајца со фил од ореви

Многу вкусни јајца кои лесно се подготвуваат.

Состојки:

(за 5 лица)

  • – 10 јајца

Фил:

  • – 10 жолчки
  • – 4 лажици свежо кравјо сирење
  • – 4 лажици мелени ореви
  • – 4 лажици рендан пармезан
  • – сол, бибер
  • – 2 лажици маслиново масло
  • – 1 лажица сок од лимон
  • – малку сецкан магдонос

Подготовка:

Ставете јајца во ладна вода, сол и варете. Кога ќе завршат јајцата излупете ги.

Исечете ги јајцата, а потоа одделете ги жолчките.

Филот ќе го направите со мешање на жолчката и наведените состојки во блендер, зачинувајќи по вкус.

Додадете масло по потреба. Наполнете ги белките со добиената смеса, наросете со сецкан магдонос и сервирајте.

На здравје!

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote