in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Направете го вашиот омилен појадок БЕЗ КВАСЕЦ и без чекање да нарасне тестото: мекици полнети со кашкавал

Послужете ги топли со нешто сувомеснато и вашиот омилен млечен производ.

Состојки:

  • 1 јајце
  • 150 гр брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 прстофат сол
  • 125 мл млеко
  • 125 гр сирење
  • масло за пржење

Подготовка:

Истурете брашно во подлабок сад, додадете прашок за пециво и измешајте. Направете дупка на средина, додадете изматено јајце, 4 лажици млеко и измешајте. Потоа, истурете го преостанатото млеко и замесете по густо тесто.

Додадете рендан кашкавал и замесете сè. Земете малку од смесата, обликувајте ги топчињата со дланките, израмнете ги малку и пржете на загреано масло. Ставете ги на кујнска хартија за да исцедите вишок маснотии.

Се служат топли – на здравје ! 🙂

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote