in ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Вкусни и ароматични пилешки батаци

Слатко-кисело пилешко во соја сос.

Состојки:

  • – 4 пилешки батаци
  • – 2 чешниња лук
  • – 4 лажици соја сос
  • – 1 лажичка сода бикарбона
  • – 1 белка од јајце
  • – 1 помала шолја густин

Сос:

  • – 1 лажичка мед
  • – 1 кафена лажичка кафеав шеќер
  • – 1 лажица пире од домати
  • – 1 лажица оцет
  • – 3 лажици соја сос
  • – 4 супени лажици топла вода
  • – 100 гр сусам
  • – 1 стебленце млад кромид

Подготовка:

Одделете го пилешкото од коските и исечете го на помали парчиња. Измешајте ги сите состојки за маринадата, па плетето оставете го во маринадата еден час со повремено мешање.

Потоа пржете во масло до златно кафеава боја од сите страни. Извадете и исцедете.

За сосот карамелизирајте го шеќерот додека не се растопи, додадете мед, пасирани домати, соја сос, оцет и вода.

Оставете да се згусне неколку минути, а потоа тргнете го од оган и потопете го пилешкото во сосот.

Загрејте ја тавата и додајте сусам, па мешајте додека малку порумени. Во сусамот се додаваат парчиња пилешко и се тркалаат од сите страни.

По желба посипете со исечкан млад кромид (само зелениот дел).

На здравје!

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote