in ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Домати полнети со мелено месо и кашкавал

Пригответе вкусен ручек од полнети домати со мешавина од мелено месо и кашкавал и ке добиете превкусно јадење кое ќе го обожава цело семејство.

Потребни состојки:

  • 4-6 зрели свежи домати
    300 гр мелено говедско месо
    150 гр рендан кашкавал
    1 кромид
    сол и бибер
    масло

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени.
2. Измијте ги доматите, исечете го горниот дел и извадете ја меката внатрешност со лажица.
3. Во тава испржете го ситно исечканиот кромид на малку масло додека не омекне.
4. Додајте ги меленото говедско месо, сол и бибер и други зачини по желба. Пржете сè заедно додека месото не добие златно-кафеава боја.
5. Додајте ги остатоците од доматите исечкани на коцки и измешајте сè добро.
6. Ставете го подготвеното месо во доматите, па одозгора покријте со рендан кашкавал.
7. Премачкајте ги доматите со малку масло.
8. Ставете ги доматите во загреана рерна да се печат 10-15 минути, додека не омекнат и кашкавалот не се стопи.
9. Послужете со сезонска салата и малку павлака.
Совет: Ако сакате да ја зголемите калориската вредност на оброкот, можете да го измешате меленото месо со варен ориз, а потоа да ги наполните доматите со оваа смеса.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote