Лесни за подготовка и имаат заносен вкус.
Состојки:
- 200 мл вода
- половина кг шеќер
- 400-450 гр кокосово брашно
- 480 гр млеко во прав
- путер 250 гр
- 100 гр печени, излупени лешници (може да бидат и бадеми ако сакате)
Подготовка:
Растопете вода, шеќер и путер на шпоретот. Тргнете го од оган, а потоа додадете 350 гр кокосово брашно и 480 гр млеко во прав.
Кога масата ќе се излади, направете топчиња, ставете по еден лешник и валкајте во кокосово брашно.
На здравје 🙂
Коментари
Loading…