in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Сарми од зелка со месо: Како да направите лесна сарма од зелка со месо?

Добра сарма од месо е традиционален специјалиет за македонското поднебје, посебно во зимскиот период. Претставува главно јадење во кое што се ужива, а вкусот е киселкаст и сочен. Скоро сите ја прават сармата, но секој ја прави на свој и малку посложен начин.
Затоа Ви го откриваме нашиот “полесен” рецепт за сарма и Ви гарантираме дека ќе уживате во богатиот свет на вкусовите.

Рецепт за сарма од зелка со месо:

Состојки:

  • 1 средна зелка
  • 2 средни главици кромид
  • 300 гр. мелено говедско месо (може и мешано мелено месо)
  • 1,5 лажици доматен сос
  • 1 чаша ориз (200 гр.)
  • Половина чаша булгур
  • 50 мл. маслинов зејтин
  • 1 лажичка шеќер
  • 2 лажички мелен црвен пипер
  • Нане во прав
  • Црн пипер
  • Сол

Течност за варење:

  • Вода по потреба
  • 1/2 лажичка црвен пипер

Подготовка:

Прво, измијте и извадете ги лисјата од зелката. Во поголемо тенџере додадете вода, додадете 1-2 лажички сол и нека зоврије. Ставете ја зелката во врела вода и нека омекне малку.

За филот: Исечете го кромидот во коцкички. Од кога кромидот ќе се испржи, додадете го меленото месо и доматното пире (сос). Потоа додадете ги зачините, оризот и булгурот. Добро промешајте за смесата убаво се соедни.

Потоа припремете го тенџерето во кое ќе се реди сармата. Од листовите кои нема да виткате сарма, направете подлога во тенџерето.

Фаза на виткање: Во секое од листовите се става од филот и виткајте како што сакате. Ставете ги завитканите сарми во тенџерето.
Од кога сте готови со виткањето додадете доволно од течноста со вода (додека имате ред од сарма).

На крај, за да избегнете растурање на сармите, поклопете чинија врз сармите и затворете ги со капак.

Оставете на тивок оган да крчка околу 2 часа.

На здравје и добар апетит 🙂

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote