in ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Превкусни солени топчиња со ф’стаци

Топчиња со сирење и ф’стаци, лесни за подготовка и многу вкусни.

Состојки:

  • половина чаша излупени ф’стаци (2,5 dcl чаша)
  • 300 гр мелена фета
  • 100 гр крем сирење

Подготовка:

Исчистете ги ф’стаците и пржете ги во тава без масло, околу пет минути.

Исецкајте со нож. Никогаш не користете блендер, бидејќи не треба да биде како прав.

Измешајте фета и крем сирење, а потоа земете ја масата со лажица и ставете ја на хартија за печење и ставете ја во фрижидер да се излади.

Извадете од фрижидер, па обликувајте во топчиња, а потоа превртете ги во ф’стаци. Чувајте ги ладни во секое време.

Од оваа количина се добиваат 20 топчиња.

Можете да додадете кикирики и магданос наместо ф’стаци.

На здравје!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote