in , ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Ванилици како од детство! Сите ги сакаат, бидејќи едноставно – се топат во уста.

Ако сакате домот да Ви замириса на љубов и слога, пробајте го овој рецепт, ќе ни бидете благодарни!

Потребни состојки:

  • 500 гр. путер
  • 6 лажици шеќер
  • 2 јајца + 2 жолчки
  • 1/4 лажиче прашок за пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лимон – сок
  • 1 лажичка ситно рендана кора од лимон
  • 250 г мелени ореви
  • 600 гр. брашно
  • Џем по ваш избор (кајсии, јагоди, шипки) за спојување на ванилиците
  • Шекер во прав за валкање

Начин на подготовка:

Брашното ставете го во длабок сад.
Путерот ставете го во брашното. Со раце втријте го путерот во брашното за да добиете ронливо тесто. Потоа додадете ги шеќерот, јајцата,оревите, пецивото, сокот и кората од лимонот.
Месете со раце додека да формирате меко тесто. Тестото кое ќе го формирате ќе биде меко. Ставете го во ќеса и во фрижидер да отстои околу 1 час.

По 1 час, поделете го тестото на 2 дела и секој дел расукајте го со сукало на набрашнета површина. Развлекувајте со сукало што потенко, но не и претенко (0,5 цм).
Од развлеченото тесто со мала чаша вадете тркалезни облици.
Тркалезните облици редете ги на тавче обложено со хартија за печење.

Ставете ги да се печат во предходно загреана рерна на 190 степени околу 15-тина минути. Печените колачиња не треба да добијат боја во текот на печењето, туку треба да бидат светли.
Кога ќе бидат испечени, оставете ги кратко да се оладат за да не бидат врели и намачкајте неколку со џем од кајсии. Потоа, намачканото колаче со џем преклопете го со празно колаче. Уште додека се топли, обложете ги во шеќер во прав.

Забелешка:

За да направите совршено тесто за гурабии, омилениот десерт на многу генерации, има неколку важни трикови.
Се користат секогаш свежи производи.
Се сее брашното неколку пати за да бидат помеки.
Се вадат од ладилник сите потребни производи да се на собна температура пред користење.
Се печат на 180-190 целзиусеви степени.

На здравје и добар апетит 🙂

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
1 Comment
Најстар
Најново Најгласани
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари
Emine
Emine
3 години пред

😋😋😋 prekrasno izgledat

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

2 поени
Upvote Downvote