Ако сте уморни од вообичаениот начин на подготовка на пире од компири, имаме одличен рецепт за вас:

Потребни состојки:
- 1,5 кг компири
- 400 мл млеко
- 3 жолчки
- 75 гр путер
- сол
- морско оревче
Начин на подготовка :
Прво излупете го компирот и исечете го на мали коцки, па сварете ги во вода.
Кога компирот е целосно мек, исцедете ја целата вода добро, а потоа изгмечете го добро за да биде мазен.
Прво додадете путер, а потоа нежно комбинирајте.
Додадете ги жолчките една по една, и млекото малку по малку, мешајќи го пирето со најмала брзина на миксерот.
Потоа, вратете го пирето од компир неколку минути за да проврие на тивок оган.
На крај додадете сол и морско оревче по вкус.
Добар апетит 🙂
Коментари
Loading…