in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

ТРАДИЦИОНАЛНО ПОЛСКО ЈАДЕЊЕ- ГОЛАБКИ: Рецепт за сарма запечена во рерна од свежа зелка

Полскиот голубчиши (голабки) е традиционално јадење што потсетува на нашата сарма, освен што наместо кисела зелка се користи свежа зелка. Сармата се пече во рерна прелиена со буијон или сос од домати.

Состојки:

  • 1 зелка
  • 2 лажици путер
  • 1 кромид
  • 1 кг мелено говедско месо
  • 500 гр мелено свинско месо
  • 1 ½ чаша варен ориз
  • 1 чешне ситно сецкан лук
  • сол, бибер
  • 1 чаша бујон
  • 1 павлака или чаша павлака за готвење

Подготовка:

Истурете вода во тенџере и додадете сол. Одделете го тврдиот дел од зелката со нож, а потоа ставете ја целата глава во врела вода. Гответе околу 3 минути додека зелката не омекне и лисјата не можат полесно да се одделат.

Поделете ја зелката на лисја и внимателно исечете го стеблото со нож. Стопете го путерот во тава, а потоа додадете го исечканиот кромид. Кога кромидот ќе омекне, оставете го настрана да се излади. Кога кромидот се олади, измешајте го со мелено месо, варен ориз и лук, а потоа додадете сол и црн пипер.

 

Наполнете ги лисјата од зелка со месо, а потоа превиткајте како сарма. Наредете ги во тава, истурете го бујонот, па покријте ја со фолија и печете на 180 ° C околу 60 минути. Послужете со кисела павлака и наросете со мелен пипер или чили по желба.

На здравје!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote