in

Владата на Северна Македонија ги наградува фудбалерите за првиот пласман на Европското првенство!

Владата на Северна Македонија вечерва донесе одлука да ги награди фудбалерите и стручниот штаб на репрезентацијата за првиот пласман на Европското првенство со по 10.000 евра.

Ова го објави на Фејсбук премиерот, Зоран Заев, со фотографија од него во дресот на македонската репрезентација.

„Вечерва на седницата на Владата донесовме одлука да ги наградиме сите членови на македонската фудбалска репрезентација со по 10.000 евра од буџетската резерва за историски успех – пласман на Европското првенство“, напиша Заев.

Фудбалската репрезентација на Северна Македонија се пласираше на Европското првенство, откако во плејофот ја совлада Грузија со 1-0 со голот на Горан Пандев во 56. минута.

На континенталниот шампионат тој ќе игра во групата Ц, со Холандија, Украина и Австрија. Премиерот, Зоран Заев прв им честиташе на фудбалерите за тој успех, а честитки упатија и претседателот на Републиката Стево Пендаровски и други политичари и јавни личности.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote