Според најновите информации кој пристигнаа денеска, претседателот на Русија Владимир Путин планира да се повлече од функцијата поради здравствени проблеми. Политичкиот експерт од Москва, Валериј Соловеи изјави дека советниците на Путин го советуваат да ја напушти функцијата поради Паркинсонова болест.
„На Путин семејството му е на прво место. Тој планира да ја објави својата одлука јавно во Јануари.“ изјави Соловеи. Соловеи исто така откри дека Путин боледува од Паркинсонова болест и веќе почнал да покажува симптоми на болеста. Во некои од неодамнешните видеа, може да се забележи како прстите на Путин се тресат. Доколку Путин се повлече, се шпекулира дека ќе добие доживотен имунитет од страна на идната влада на Русија.
Коментари
Loading…