in

Властите на Соломонските Острови го забранија користењето на Facebook во нивната држава!

Владата на Соломонските Острови се одлучи да ја забрани социјалната мрежа Фејсбук во државата. Оваа одлука беше донесена вчера од страна на премиерот и министерот за комуникации на островската држава. Забраната е поради контраверзните ставови кој жителите ги изразуваат преку социјалната мрежа.

„Причината за забраната е навредливата содржина, карикатурите и лажните прикажувања на министрите и на премиерот на државата. Употребата на интернетот во Соломонските Острови мора да биде регулирана со закони за да ги заштитиме нашите млади од навредлива содржина.“ изјавија од кабинетот на премиерот на Соломонските Острови.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote