in

Властите во еден руски град им дозволија на децата да одат дома од училиште поради студот, но тие отидоа да играат на минус 48 степени! [ВИДЕО]

Властите во градот Јакутск, еден од најстудените градови во светот, ги пуштија децата да си одат дома кога температурата достигна минус 48 степени, но децата отидоа директно на снегот наместо во куќите.

На видеото, кое се појави на интернет, се гледа како децата од Јакутск играат среќно, без оглед што надвор е минус 48, а еден од коментаторите под видеото на шега вели дека „мора да стави антифриз во млекото“.

“Потребна е храброст да се издржи ваква клима. Но, само Русите можат да играат на оваа санта мраз”, напиша друг корисник на социјалните мрежи, како што објави Daily Mail.

Во Јакутск училиштата се затвораат на температура од минус 42 до минус 50, во зависност од јачината на ветерот и возраста на децата.

Неколку стотици километри на исток, во најстудениот град во светот, Ојмјакон, помладите ученици од основните училишта мораат да следат настава дури и кога температурата е намалена на минус 52, а постарите до температура од минус 56 степени.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote