in ,

WTFWTF Што?Што?

Бидете внимателни со кого комуницирате на Фејсбук и други социјални мрежи

Најкомплексниот и најдолготрајниот случај на лажирање на Интернет! Морничава приказна за тоа како некој близок на една жена ѝ одзел десет години од животот. Еден од најбизарните случаи на лажно претставување на Интернет!

Кират е 42-годишна жена од Лондон, која почнала да се допишува со маж уште во 2009 година. Се започнало кога на Фејсбук добила порака од поранешното момче на нејзиниот братучед кој побарал совет како да ја обнови врската со неа.

Се зближиле, се допишувале пет месеци, а потоа починал. Нејзината сестра потоа и ја дала адресата на е-пошта на неговиот наводен брат Боби за да изрази сочувство. Подоцна си размениле профили на социјалните мрежи.

Боби бил доктор кој живеел во Австралија, а тој и Кират брзо се заљубиле еден во друг. Тие комуницирале секој ден и постојано ја договарале ниванта првата средба во живо, но секој пат излегуваше нешто како изговор од страната на Боби. Еднаш дури рече дека имал срцев удар и завршил во болница, а секогаш кога Кират го испрашувала подетално за неговиот живот и причините поради кои не можеле да се видат во живо, почнувал да се заканува со самоубиство, пишува хрватски Вечерњи.

Годините минувале со што на Кират и се допаѓале вниманието и разговорите, таа решила да ангажира приватен детектив за да дознае повеќе за него.

Истрагата траеше со месеци, а беа вклучени многу сведоци, дури и човекот чии фотографии и идентитет беа украдени. Боби навистина постои, но тој не стоел зад тастатурата и со години се допишувал со Кират, туку тоа било лице од нејзината околина.

„Детективите ја шокираа кога дознаа дека нејзината братучетка го направила сето ова. Ситуацијата се одразила на нејзиното здравје, семејството, пријателите, социјалниот живот, кариерата.

„Ми го уништи животот и ми одзеде десет години“, вели Кират.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote