in ,

Што?Што?

Во 2004 година Александар Вучиќ позираше за Плејбој. Сега тој број се продава за речиси 1.000 евра! (ФОТО)

Во 2004 година српската писателка Исидора Бјелица му поставила 20 прашања на актуелниот претседател на Србија, Александар Вучиќ.

Сега се продава интервјуто со наслов „Урбан радикал над Белград“ што таа година беше објавено во Плејбој.

Денешниот претседател на Србија позираше за Плејбој во бела кошула со кариран дезен.

Како Дионис, Вучиќ позираше на креветот додека во едната рака држеше грозје, во скутот чинија со овошје, а во другата книга, пренесува Сити магазин.

За насловната фотографија на интервјуто е избрана фотографија на која Вучиќ е насмеан.

Тој број сега е на аукција.

„Сега ова интервју за Плејбој е неверојатно надреална новинарска реткост“, се вели во описот на рекламата.

Колекционерите или барем љубителите на ликот и делата на Александар Вучиќ, доколку сакаат да имаат примерок од списанието на својата полица или ѕид, ќе треба да издвојат 100.000 динари, што е нешто повеќе од 1.700 марки или 850 евра.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote