in

ВО БАЛТИЧКОТО МОРЕ ПРОНАЈДЕНА УШТЕ ЕДНА ЕНИГМА МАШИНА! [ФОТО]

Германски нуркачи кои го расчистуваа Балтичкото море од фрлените рибарски мрежи, пронајдоа ретка машина за криптирање пораки „енигма“ што ја користеше нацистичката армија за време на Втората светска војна во Заливот Гелтинг, а се верува дека е исфрлена од потоната подморница.

Иако првично мислеше дека станува збор за машина за пишување заплеткана во мрежа, подводниот археолог Флоријан Хубер наскоро го сфати историското значење на пронајдокот.

„Во последните 20 години имав многу возбудливи и необични откритија, но никогаш не сонував дека еден ден ќе најдам една од легендарните машини за шифриранње „енигма“, рече Хубер.

Нацистичката армија ја користеше „енигмата“ за испраќање и примање тајни пораки, но британските криптографи го разбија кодот, што им помогна на сојузниците да добијат предност во поморските битки за контрола на Атлантикот.

Заслугата за тоа е на британскиот тим предводен од Алан Туринг, кој работеше во центарот за кршење кодови на Паркот Блетчли.

Непосредно пред предавањето на Германија во мај 1945 година, на екипажите на околу 50 подморници им беше наредено да ги потопат своите пловни објекти во заливот Гелтинг близу до данската граница, за да не паднат во рацете на сојузниците, но и да ги уништат машините за шифрирање.

„Енигма“, која изгледа како машина за пишување, се состоеше од тастатура и тркала што криптираа пораки.

Иако се произведени неколку стотици илјади вакви машини, познато е дека има само неколку стотици, кои се продаваат на аукции за десетици илјади евра.

Штотуку пронајдената машина ќе му биде предадена на Археолошкиот музеј во Шлесинг.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote