in ,

СлаткоСлатко

Во Џакарта отворен ресторан што лебди во воздух

Луѓето што сакаат да искусат ручек или вечера на летачка платформа сега можат да го сторат тоа во Џакарта. Неодамна во овој индонезиски град беше отворен необичен ресторан, „Лаунч ин д скај“, кој на гостите им овозможува уникатно искуство на висина од 50 метри.
За време на еден час вечера, гостите ќе му се препуштат на уживањето во ручек на отворено, кое се рангира меѓу „најекстравагантните“ во светот. Овој тип ресторан е отворен за првпат во Индонезија, а е трет од ваков вид во светот, по Белгија и Малезија.

Додека уживаат во оброците, гостите користат сигурносни појаси, а и придружниот персонал исто така е опремен со сигурносни појаси. Супервизорите ги запознаваат гостите со безбедносните прописи пред да ја подигнат платформата. Платформата може да прими 32 лица истовремено, а цената на оброкот во овој ресторан се движи од 110 до 260 долари.
Ресторанот има одредени правила за своите гости, вклучувајќи минимална возраст од 17 и повеќе години, максимална тежина до 150 килограми и минимална висина од 135 сантиметри.

„Лаунч ин д скај“ е одржуван во воздух од телескопскиот кран од 300 тона, а ресторанот ќе остане во Џакарта три месеци. Гостите можат да ги резервираат своите места, а пред отворањето на ресторанот имаше над 5.000 гости на листата на чекање. Трите пакети за гости вклучуваат стандардна класа за 112 долари, бизнис-класа за 225 долари и прва класа за 260 долари.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote