in ,

ТаженТажен

Во град во Африка повеќе нема да се живее поради климатските промени!

Во град во Африка со 24 милиони луѓе наскоро нема да може да се живее.

Автомобилите и куќите се потопени или поплавени, они кои чекаат автобус одат низ вода до колена. Вака изгледа Лагос при дождови.

„Беше многу лошо. Излегов од дома. Не сфатив дека врне толку дожд. Сообраќајот беше густ поради поплавите. Колку што одевме подалеку, нивото на водата беше поголемо. Во еден момент го помина браникот на мојот автомобил и водата почна да влегува внатре“, раскажа за Си-ен-ен 32-годишниот Еселбор Оселуонамхен, кој живее во Лагос.

Жителите на Нигерија, се навикнати на поплавите кои го зафаќаат овој град од март до ноември. Лагос делумно е изграден на копно, а делумно на низа острови. Експертите предвидуваат дека до крајот на оваа деценија глобалното ниво на морето би можело да порасне за повеќе од два метри. Во тој случај Лагос, кој се наоѓа на надморска височина помала од два метри, би можел да се најде во големи проблеми.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote