in ,

СмешноСмешно

Девојка на бензинска се обидела да наполни гориво во Tesla (ВИДЕО)

Искрено се надеваме дека е местенка бидејќи е невозможно да се замисли дека има некој што не слушнал за Tesla и електричниот погон. А токму тоа го сугерира ова видео од две девојки кои се обидуваат да наполнат гориво во Tesla.

Бидејќи не го нашле отворот за полнење гориво, на помош им доаѓа авторот на видеото, кој сугерира дека се работи за Tesla, автомобил кој не троши бензин. Една од девојките прашува дали можеби е на дизел, но авторот на снимката извесно време не го дава конечниот одговор.

Конечно, тој им го покажува местото каде што се полни Tesla, под претпоставка дека сите сомнежи се решени. Сепак, коментарот не поминува, а возачката уверува дека знае какво гориво користи нејзиниот автомобил. Наскоро девојките нашле „погоден“ отвор, оној на резервоарот за течност за миење на шофершајбната.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote