Во државава почнаа да се користат брзите тестови за корона вирусот во 6 пункта во Скопје, соопшти Министерството за Здравство. Тестовите можете да ги добиете во Поликлиника Чаир, Поликлиника Бит Пазар, Поликлиника Јане Сандански, Поликлиника Млин Балкан, Поликлиника Ѓорче Петров и Поликлиника Ченто. Тестовите можат да детектираат присуство на КОВИД-19 во организмот, а резултатите се добиваат за петнаесетина минути.
„Брзите тестови се закажуваат преку матичниот лекар според претходно определен алгоритам, а еден од условите е симптомите на КОВИД-19 да не траат подолго од 5 дена од почетокот до тестирањето. Алгоритмот е направен според препораките на СЗО. Термините за брзи тестови одат преку „Мој Термин“. Доколку брзиот тест е негативен, а лицето има симптоми на КОВИД-19 тогаш матичниот лекар може да процени дали е потребен дополнителен ПЦР тест.“ соопштија од Министерството.
Коментари
Loading…