Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека очекува да испорача помеѓу 100 и 125 милиони дози на експерименталната вакцина против коронавирусот во првата половина на 2021 година.
Компанијата во четвртокот изјави дека 85 до 100 милиони од овие дози ќе бидат достапни во САД, а 15 до 25 милиони надвор од земјата, пренесува Ројтерс.
“Модерна” планира да произведе меѓу 500 и 1 милијарда дози вакцини ширум светот во 2021 година.
Коментари
Loading…