Руската авиокомпанија Аерофлот објави дека во своите авиони ќе дизајнира посебна зона за патниците кои одбиваат да стават заштитни маски на лицата.
„Одредени места се наменети за патници кои изјавуваат дека одбиваат да користат маски откако ќе се затвори вратата од авионот“, изјави портпаролот на Аерофлот, Јулија Спивакова.
Таа додаде дека тоа е општа практика низ целиот свет и неопходна мерка.
Аерофлот претходно објави дека патниците ќе можат да се качат на летот само доколку носат маска што целосно ги покрива носот и устата.
Во Русија, од почетокот на пандемијата, биле заразени 2,7 милиони луѓе, а скоро 48.000 починале.
Коментари
Loading…