in

Само во САД: Ќе добиете бесплатно оружје доколку се вакцинирате!

Гувернерот на Западна Вирџинија најави нови планови со кои ќе го поттикне населението да се вакцинира.

Неговиот план е многу јасен: бесплатно оружје за оној кој што ќе се вакцинира. Планот беше дел од голамата програма која се прави во државата Западна Вирџинија и властите се надеваат дека на овој начин ќе го мотивираат невакцинираното население да прими вакцина против Ковид-19.

Моментално во оваа држава вакцинирани се 84% од граѓаните над 65 години со барем една доза и 75% од постари од 50 години исто така со една доза. „Колку побрзо се вакцинира целото население, толку повеќе ќе заштедиме финансиски средства“ изјави гувернерот. Овој потег на американската држава наиде на остри реакции од јавноста.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote