
Србија урива рекорди со бројот на заразени од коронавирусот.
Во земјата денеска се потврдени нови 7.780 случаи и ситуацијата е крајно алармантна. Во главниот град на Србија има 2.033 нови заразени со коронавирус. За 24 часа починале 57 луѓе .
Денес има најмногу починати откако почна епидемијата во Србија.
На второ место е Нови Сад со 586 новозаразени, Крагуевац со 396 и Панчево со 235.
Откриени се 231 нов случај во Ниш, 199 во Краљево, 174 во Чачак и 145 во Смедерево. Следува Суботица со 126 новозаразени, Ваjeево со 123, Бачка Паланка со 102 и Крушевац со нови 102 случаи.
Бор регистрираше 89 нови пациенти, Пожаревац 84, Зрењанин 83 и Врање 82.
И соседната Црна Гора ја губи контролата на епидемијата.
Коментари
Loading…