Турција откри големо наоѓалиште на злато со околу 3,5 милиони унци (99 тони) на благородниот метал што е проценето на околу шест милијарди долари, објави денеска државната новинска агенција Анадолија.
За откритието во близина на западниот град Согут објави Фахретин Појраз, кој е на чело на Земјоделските кредитни задруги на Турција и фирмата за производство на ѓубрива „Губретас”.
– Станува збор за вредност од близу шест милијарди долари, изјави Појраз за „Анадолија“.
Тој истакна дека „во рок од две години ќе биде извлечено првото злато и ќе придонесе за зајакнување на турската економија. Акциите на „Губретас“ се зголемија за речиси 10 проценти на берзата во Истанбул”.
Министерот за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез во септември рече дека Турција минатата година собори рекорд, произведувајќи 38 тони злато.