in ,

WTFWTF Што?Што?

Во Турција е родено јаре со очи на средината на челото

Јаре со очи во средината на челото е родена во градот Килис, во југоисточна Турција.

Четириесетгодишниот Ахмет Картал, кој се занимава со сточарство во селото Гокмуш, се изненадил кога забележал дека очите на новороденчето му се на средината на челото, јавува Анадолија.

Тој за новинарите изјави дека со сточарство се занимава околу 25 години и дека првпат се сретнал со ваква ситуација.

„Ова јаре се роди синоќа. Се тресев кога го видов во шталата бидејќи не се движеше. Кога го фотографирав, почувствував како реагира. Оваа работа ја работам 25 години, вакво нешто не сум видел ниту слушнал. Веројатно нема да преживее. Би сакал службите да го преземат и да се грижат за него“, изјави Картал.

Ахмет Ујар, раководител на Катедрата за патологија на Ветеринарниот факултет на Универзитетот Мустафа Кемал во Хатај, рече дека се работи за вродено пореметување и дека и претходно се сретнал со слични случаи.

„Научно оваа состојба ја нарекуваме себоцефалија. Во овој случај има аномалија во носот, која се нарекува ариноцефалија. Во такви случаи носот може да биде или мал или воопшто да не е обликуван. Има аномалии и во ушите. Значи, тоа се вродени аномалии“, објасни тој.е професорот Ујар.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote