in ,

Во Вухан се одржа фестивал! Присуствуваа 11 илјади луѓе без никакви рестриктивни мерки!

По повод на Меѓународниот ден на трудот, на први мај во Кина, Вухан се одржа фестивал на кои присуствуваа популарни музичари и публика од 11 илјади луѓе.

Овој фестивал трае два дена и се врати во Вухан по едногодишната пауза поради пандемијата на коронавирусот. Публиката беше ограничена на 11 илјади гледачи. Најголем број од посетителите не носеа маски, бидејќи организаторите не поставија никакви рестриктивни мерки.

На овој настан кој се одржа во градот кадешто се започна, присуствуваа голем број на популарни и локални музичари. Празникот први мај, масовно се слави во Кина и луѓето секоја година го обележуваат со разни фестивали.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote