in

Водопадите на Нијагара замрзнаа! [ВИДЕО]

Делови од водопадите на Нијагара, на границата меѓу САД и Канада, замрзнаа вчера откако температурите паднаа на -18С на реката Нијагара минатата недела, а студениот бран сè уште е присутен во американската држава Њујорк и другите делови на Северна Америка.

Британскиот весник наведува дека туристите, кои вчера се најдоа на водопадите Нијагара, можеа да видат и фотографираат големи парчиња мраз како плови во водата, додека облаци од пареа и виножито беа присутни во текот на целиот ден.

Индипендент пишува дека иако на некои фотографии се чини дека водопадите се целосно замрзнати, водата никогаш не престанува да тече и покрај ваквите услови, а присуството на големи области мраз на водопадот е забележано во текот на 2014 и 2015 година кога поларните циклони го погодиле тоа подрачје.

Њујорк, заедно со многу други сојузни држави низ Соединетите држави, беше погоден од екстремно студен бран во последните две недели, а во Нијагара се очекуваат повеќе врнежи од снег во следните неколку дена, според британскиот весник.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote