in

ПОВТОРНО СКАНДАЛ! Volkswagen повика 218.000 Jetta автомобили назад!

Volkswagen повлекува повеќе од 218 000 jetta автомобили во САД со цел да се реши проблемот со истекување на гориво што може да предизвика пожар, пренесува Анадолија.

Повлекувањето опфаќа автомобили од моделот 2016 до 2018 година. Фолксваген изјави дека завртките што ги држат цевките под висок притисок може да се олабават со текот на времето, што овозможува истекување на гориво и го зголемува ризикот од пожар.

Германскиот производител на автомобили сè уште нема објавено детали за тоа како ќе го реши проблемот, но се очекува да започне со известување за сопствениците од 20 декември.

Во документите објавени од Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата во САД не е наведено дека имало пожар, но тие наведуваат дека добиле неодреден број жалби. Се додава дека сопствениците можеле да го почувствуваат мирисот на горивото или да видат како горивото истекува под моторот.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote