in

Вработени во сендвичара биле уапсени бидејќи не им давале бесплатни оброци на полицајците!

Полицијата од Пакистан ги уапси сите вработени во една сендвичара откако тие обдиле да даваат бесплатни оброци на полицајците.

Деветнаесет работници од популарната пакистанска сендвичара Џони и Џунгу биле уапсени откако два дена по ред одбиле да им дадат бесплатни сендвичи на полицајците, соопштуваат локалните медиуми. Вработените биле задржани во станица дури 7 часа.

Откако бил анализиран инцидентот, девет полицајци биле суспендирани поради оваа случка. Од компанијата изјавија дека не е прв пат ваков инцидент да се случи, во минатото тие секогаш имале проблеми со полицајците кои бараат бесплатна храна во нивните ресторани.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote